Услови за испорака

Испораката се врши само на територијата на Република Северна Македонија.

Рок на испорака
Рокот на испорака е: во Скопје3-5 рабтони дена, во останатите градови 3-5 работни дена. За време на намалувања и попусти, испораката може да трае повеќе време од вообичаено.

Преземање на пратки
Курирот пред да ја достави пратката ќе Ве контактира на телефонскиот број запишан во нарачката. Купувачот е должен да запише во нарачката телефонски број за контакт на кој тој/таа ќе биде достапен се додека не ја прими пратката. Курирот ја доставува пратката до одредената адреса на купувачот во периодот од 09:00 до 16:00 часот. Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате приложено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш повторно телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да Ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас.
ВАЖНО: ДЕТАТЕКС ХИМ ДООЕЛ го задржува правото да не испраќа пратки кон
купувачи кои не се придржувале на условите за користење на веб страната, условите за испорака на онлјан продавницата и/или не ги превземале и подигнувале пратките кои претходно ги нарачувале преку онлајн продавницата.

Цена на Испорака
Доставата на производи е на сметка на купувачот. Цената за испорака се калкулира
при нарачката.
Цената за доставата на заменски пратки на производи и враќање на производи е на трошок на купувачот. Цената на доставата при овие нарачки ја наплаќа Пост Ексрес според нивниот ценовник. Информација за цените за достава може да добиете на https://postexpress.mk/cenovnik/